Ден за шпагети ала карбонара

На светскиот ден на пастата, ви го претставуваме оригиналниот рецепт за шпагетите ала карбонара

0
1106

Од денеска па натаму, заборавете на сите импровизации на овој рецепт, додавање на млеко, павлака и останати состојки кои инаку не одат во оригиналниот рецепт:

Состојки:

220 г шпагети
50 г сланина исечкана на коцки (колку што може помрсна со помалку месо)
2 лажици маслиново масло
2 големи јајца
50 г пармезан или пекорино
сол, црн пипер

Приготвување:

Сварете ја пастата во голем лонец со зовриена и малку посолена вода.
Додека се вари, загрејте во тава маслиново масло и испржете ја ситно сечканата сланина додека не стане крцкава. Исцедете го вишокот од мрсното.

Во посебен сад изматете јајца во кои ќе додадете пармезан и црн пипер.

Кога е пастата готова, исцедете ја и полека претурете ја во тавата во која ја подготвувате сланината.

Добро измешајте и прелијте со мешавината од јајца и кашкавал.

Доволни се само неколку минути мешање на тивок оган и послужете ја директно на чинија.