Далматинска паштицада со њоки

0
717

Состојки:

5кг говедско филе

900 г моркови

300 г корен од целер

200 г корен од магдонос

200 мл вински оцет

400 мл црно вино

100 г сланина

6 чешниња лук

2 главици кромид

2 ловорови листа

6-7 зрна црн пипер

1 гранче рузмарин

1 лажица концентрат од домати

15 суви сливи

1 л вода

2 лажици мед

2 лажици пекмез од сливи

1 лажичка каранфилчиња

Маслиново масло

Сол

Приготвување:

  1. Чешнињата лук се преполовуваат по должина, сланината се сече на тенки стапчиња, кромидот на ленти, а морковите и корењата на тркалца (тргаме на страна половина од коренестиот зеленчук).
  2. На две места со долг и остар нож го боцкаме месото по цела должина. Во едниот прорез ставаме два цело моркови, а во другиот стапчиња сланина, исто така по целата должина. Потоа месото го боцкаме на неколку места и во добиете отвори ги ставаме преполовените чешниња лук.
  3. Вака подготвеното месо го преместуваме во сад, прекриваме со половина од исечениот зеленчук, преливаме со црно вино и вински оцет, додаваме гранбче рузмарин, ловоров лист, пипер во рно, долеваме уште малку вода и се заедно ставаме да се маринира во фрижидерот во текот на ноќта.
  4. Месото и зеленчукот ги вадиме од маринадата, а течноста ја прелеваме во некој бокал.
  5. Во тенџере, на загреано масло го ставаме месото и го пржиме од сите страни повремено вртејќи го 10-тина минути. За тоа време со сечкаме преостанатиот зеленчук и кромид.
  6. Потоа во тенџерето го додаваме зеленчукот од маринадата, свежо исечканиот зеленчук, гранче рузмрин, ловоров лист, посолуваме и мешајќи го пржиме зеленчукот додека не омекне. По 15-тина минути ја долеваме маринадата, водата, додаваме концентрат од домати, каранфилчиња, половина од сувите сливи и вариме на тивок оган повремено мешајќи.
  7. После три часа готвење го отстрануваме ловоровиот лист и гранчето рузмарин, а месото го преместуваме на даска. Со миксер ја матиме содржината од тенџерето, додавцаме пекмез од сливи, мед, преостанатите суви сливи, добнро мешаме и тргаме од оган.
  8. Потоа месото го сечеме на шницли со дебелина од 2 цм.
  9. Во чинија ставаме од сосот, врз него ставаме месо и служиме со варени њоки.