Можеби се сеќавате на јапонскиот молекуларен биолог Јошинори Осуми кој во 2016.година ја доби Нобеловата награда за медицина, за истражување на аутофагијата – процес на голтање на сопствените клетки.
Испитувањата на кои сѐ начини може да се примени ова откритие, се сѐ уште во тек, но една диета со ова име станува сѐ попопуларна.
Имено, аутофагијата е самоисцелителен процес, а иако буквалниот превод на овој термин не звучи баш многу пријатно – „јадење на самиот себе“, овој процес на излекување, а пред сѐ, на превенција од различни пореметувања и заболувања е многу благотворен за рехабилитација на целиот организам.
Во организмот аутофагијата ги користи дисфункционалните компоненти, со своевиден процес на рециклажа односно, користење на насобраните токсини од ткивата и клетките. На овој начин, преку ослободените клетки организмот се ослободува од патолошките и други пореметувања. Доаѓа до самодетоксикација. Здравите клетки ги рециклираат оштетените, стари и болни клетки, како и микроорганизмите. Со разградувањето на лошите клетки, повторно се искористува тој материјал за балансирање, излекување и заштита.
Како да се постигне аутофагија?
Своевиден пост, односно, гладување, е најсилен активатор на аутофагија. Активацијата на аутофагија се случува со поминување на минимум 12 до 16 часа од последниот оброк. Ова најлесно се постигнува ако ја прескокнеме вечерата, па со самото тоа добар дел од сатницата се преместува на периодот на спиење, а по будењето најчесто и нема да бидеме веднаш гладни, па така уште некое време ќе ја продолжиме сатницата на аутофагија и со тоа на нашиот оргaнизам ќе му направиме голема услуга за целосна рехабилитација и превенција. За време на гладувањето во мозокот стасува информација дека немаме доволно храна и почнува активирањето на аутофагијата. Наместо вечера на организмот можеме да му дадеме вода, природна лимонада или некој растителен чај и така да си ја олесниме евентуалната потреба за вечерен оброк.
Бенефитите од аутофагијата:
Со аутофагија против малигнитет
Аутофагијата делува превентивно, како и тераписки на малигните болести. Последните децении порастот на малигни заболувања е сѐ поголем, затоа треба да се размислува превентивно на оваа тема. Туморските клетки во процесот на аутофагија се препознаваат како вишок, како нешто што е непотребно, па затоа се разложуваат и организмот ги рециклира.
Со аутофагија против мозочен и против срцев удар
Аутофагијата ги спречува кардиоваскуларните заболувања и рехабилитира во терапијата на веќе настанатите вакви заболувања; особено во превенцијата на срцевиот удар.
Значи, ќе помогне за намалување и елиминирање на разни срцеви слабости, аритмија, инфаркт, коронарна болест и слично.
Со аутофагија против аутоимуни болести
Пореметувањето на имунолошкиот систем, поточно, имунитетот ги доживува своите клетки како нешто туѓо и на тој начин тргнува во самодеструкција со создавање на антитела; и на тој начин настануваат аутоимуните процеси (болести). Аутофагијата ќе помогне со своите механизми на чистење за балансирање на имунитетот и така ќе го доведе организмот до излекување.
Со аутофагија против шеќерната болест
Хиперинсулинемија, односно, инсулинска резистенција (отпорност) е кога клетките одбиваат нормален прием на инсулин од крвта за подобар проток на енергија и функционалност во организмот. Понатау, вакво пореметување води во вишок на телесна тежина, полицистични јајници, како и пореметување на менструалниот циклус, стерилитет, итн. А сето ова понатаму води кон шеќерна болест. Во текот на аутофагијата нивото на инсулин во крвта е многу ниско што го активира хормонот глукагон (оној кој сака да ја зголеми глукозата) и потоа ја извлекува сета преостаната енергија од клетките, и го доведува инсулинот во баланс.
Со аутофагија против бактериски и вирусни инфекции
Аутофагијата ќе спречи настанок и развој на разни вирози, грип, како и бактериски инфекции. Особено добро ќе дојде во типични периоди во годината кога се актуелни епидемиите. Со аутофагија имнутетниот систем функционира неспоредливо подобро.
Аутофагијата го снижува холестеролот
Маснотиите на крвните садови можат со процесот на аутофагија, драстично да се намалат и со тоа да придонесат за подобрување на целиот организам.
Исто така, истражувањата покажале дека аутофагијата е одлична во борбата против настанок и во лекување на деменција, Алцхајмер и Паркинсонова болест.
Со аутофагија се забавува и процесот на стареење
Со намалување на калориите се забавува и стареењето, а покрај исхраната (што, кога и колку јадеме) во тоа ќе ни помогне и здравата физичка активност. Со гладување, односно, со аутофагија ќе доведеме до целосна регенерација на организмот, па со тоа и ќе се подмладиме. Кога ќе дојде до самоуништување на лошите клетки, тогаш се активира процес на лачење на хормони на раст (создавање) нови клетки, односно, подмладување.
Исто така, во организмот тогаш се зголемува и целокупната животна енергија за секојдневно функционирање.
Фото: Pixabey