Состојки:
5 зрели банани
1 конзерва компот од ананас
¼ шолја кокос
Шеќер по вкус, или уште подобро – мед
3 лажици сок од лимон
Приготвување:
Бананите исчистете ги, исечете ги на тркалца и ставете ги во тенџере со остнатите состојки. Ставете го тенџерето на шпорет и варете на тивок оган додека не ја добиете саканата густина.
Кога ќе се згусне, уште врел ставете го путерот во стерилни теглички, веднаш ставете им капаци и ставете ги уште 15 минути во врела вода и оставете ги таму 15 минути.