Дали смеат да се јадат изртени компири?

Промените на компирите, а особено ‘ртењето, создава поголема количина соланин, благо отровна материја која кај луѓето може да предизвика симптоми како главоболка, пролив и повраќање.

0
1581

Компирите се вкусна намирница која одлично оди со речиси сите јадења. Се споменува дури и како природно средство чиј сок нанесен на кожата помага за ублажување на стриите. Но сепак треба да знаете едно правило кога не би требало да ги користите.

Ако сте купиле повеќе компири сигурно ви се има случено да ви изртат. Таквите компири не се добри за консумирање. Затоа, штом ќе видите дека компирите се изртени, не ги користете затоа што стануваат опасни за вашето здравје.

Кога ќе купите поголема количина компири, би требало да ги складирате на поладно и потемно место за да се спречи ‘ртење, појава на зелена кора и скапување. Овие промени на компирите, а особено ‘ртењето во компирите создава поголема количина соланин. Соланинот е благо отровна материја која кај луѓето може да предизвика симптоми како главоболка, пролив и повраќање.

Ако никулците растат на компирот и покрај правилното чување, погледнете го одблизу. Ако е компирот мек и збрчканм веројатно веќе има многу соланин и повеќе не се смее да се консумира. Но ако е сѐ уште тврд и има еден до два никулци, можете да го користите. Меѓутоа, никулците задолжително отстранете ги, а исто и зелениот дел заедно со кората затоа што така ќе ги отстраните отровите.

Фото: Pixabey