Истражувањата покажале дека веганите чија исхрана се темели на намирници од растително потекло, имаат помал ризик од развој на рак на простата како и дека многу ретко кај веганите и вегетаријанците има појава на вишок на дебелина. Од друга страна, тие се под поголем ризик од срцев удар, а причина за тоа е што на нивната, инаку, здрава исхрана, ѝ недостасуваат многу нутриенти важни за правилно функционирање на организмот, како на пример, омега-3.
Затоа е важно при таквиот начин на исхрана да се земаат некои додатоци или да се внесуваат доволно други извори на витамини и минерали кои инаку ги има во месото и млечните производи. За да може вегетаријанците и веганите да уживаат во уште еден светски познат прехранбен производ – пивото, се повеќе мали пивари се грижат за тоа дали состојките и начинот на производство на нивните пива се соодветни за вегетаријанскиот начин на живот. Иако повеќето пива од големите пивари му одговараат на веганскиот налин на живот и исхрана, затоа што се проиѐзведуваат од хмељ, вода, слад од јачмен и квасец, некои употребуваат животински производи за процесите на филтрација.
Со други зборови, пиварите, во текот на процесите на бистрење, односно, филтрација на пивото, користат производи на база на рибен меур, производ познат под називот isinglass. Пред околу две години дури и Гинис, 258 години стара ирска пивара, одлучила да се модернизира и да стане прифатлива за веганите. Јавноста била запознаена со Гинисовиот начин на производство на пиво, но инаку е тешко да се дојде до такви информации затоа што многу пивари не ги објавуваат точните производи и состојки што ги користат во текот на производството на пиво, а таквите состојки се и ретко нагласени на декларациите на самите пива. Исто така, Гинис нагласил дека пивото за вегани ќе биде достапно само во Ирска.
Порталот Pivnica.net нагласува дека за филтрација се користат различни конструкции, а сите, освен оние врз база на рибји меури се прифатливи за веганите и вегетаријанците. Останува сепак да провериме кои од нашите македонски пива се прифатливи за вегетаријанците. Според хрватските портали, хрватските пивари Загрепска, Карловачка ( (Heineken) и Carlsberg (Копривница) се прифатливи за веганите, исто како и Лашкото пиво, љубљанското Union, Никшиќко.