Хомеопатијата е систем на медицината во чија основа е лекувањето на пациентите со разредени и потенцирани супстанции кои го активираат природниот систем и потенцијал на нашите тела за самолекување. Овој систем е заснован на принципот „сличното со слично се лекува“, што значи дека супстанцијата која предизвикува одредени симптоми во телото на здрава личност, може да лекува болест која ги има истите симптоми, кога личноста ќе се разболи.
На пример Coffea Cruda (сирово кафе) може да се користи во лекувањето на несоница, затоа што предизвикува несоница кај повеќето здрави луѓе кои го консумираат, особено во поголеми количини.
Кората од кинин кај здравите лица предизвикува симптоми слични на маларија – кининот се користи во лекувањето на маларијата и во современата медицина.
Сите знаеме кои симптоми на очите и носот ги предизвикува кромидот додека го сечкаме, затоа хомеопатијата го користи во лекувањето на настинките….
Без претерување, ефектот на правилно избраниот лек кај обичните секојдневни проблеми како што се настинки, главоболки, стомачни нарушувања, несоници и други психосоматски потешкотии може да се спореди со волшебно стапче. Таквиот лек, велат стручњаците, лежи во хомеопатијата која нуди безбеден, ефикасен и ефтин начин на лекување без несакани ефекти. При соодветно застапено користење, хомеопатијата може драстично да ги смали трошоците за конвенционалната скапа терапија и болнички третмани.
Хомеопатијата денес во светот е ценета секојдневно практикувана метода на лекување на милиони пациенти ширум светот. Така на пример во земјите на Европската унија таа е комплетно прифатена и законски регулирана во Германија, Франција, Италија и Велика Британија. Во некои од овие земји (Германија) таа е на еднаква законска позиција со класичната медицина, а во повеќето од овие земји фондовите за здравствено осигурување покриваат дел од трошоците за хомеопатските третмани. Во Русија, хомеопатската традиција досега 150 години наназад, а во некои милионски држави како Индија хомеопатијата е еднаква со неколкуте официјални медицини кои се практикуваат таму. Во Индија постојат повеќе од 100.000 хомеопати и повеќе од 100 високообразовни институции за обука на хомеопатски кадри.
На 21.и 22.април во Центарот за ајурведа, јога и медитации се одржува семинар по Акутна Хомеопатија, кој претставува обука за самостојно лекување со хомеопатски лекови за полесни акутни заболувања и повреди.
При правилна практика на Хомеопатијата се избегнуваат несаканите дејствија, а оздравувањето се олеснува и често се забрзува.
Во проблемите и болести кои ќе можете сами да ги лекувате спаѓаат: повреди на очите; стомачни растројства; рани од убоди и угризи; внатрешни крварења; воспалување на млечни жлезди; дијареа; колики; воспалувања и гноења; повраќање; инфекции со треска; помош при раѓање; зглобови и тетиви; болки во грлото; кожен осип; кашлица; крвавење од носот; болки во ушите; воспаление на средното уво; опоравување по операција; контузии; забоболка…
Семинарот ќе го води Ели Диновска, доајен на хомеопатијата во Македонија.