Дали лекот за Алцхајмер е во прокељот?

Експертите велат дека е можно клучот за создавање на лек за Алцхајмерова болест да е во прокељот

0
469

Зајакнатиот витамин од прокељот би можел да биде клуч за третманот на Алцхајмеровата болест, велат експертите. Имено, засилената верзија на киселината добиена од прокељот сега е основа на нови истражувања во насока на развој на нов лек за лекување на Алцхајмерова болест.

Експертите од Универзитетот во Абердин работат на синтетичка верзија на корисната  киселина создадена од витаминот А – витамин кој нашето тело може да го добие од голем број на зеленчуци, вклучувајќи ги морковите и прокељот – кој се надеваат дека ќе може да се користи за лекување на невролошки нарушувања .

Витаминот А во телото се претвора во ретиноична киселина, која потоа се поврзува со одредени рецептори во мозокот и игра голема улога во развојот на човековиот нервен систем.

Професор Питер МекКефери, кој го води проектот, вели: „Во основа ние се обидуваме да создадеме масивно засилена верзија на она што витаминот А веќе го прави за телото. Со искористување на природните ефекти од ретиноична киселина со креирање на синтетичка алтернатива, се надеваме дека ќе бидеме во можност да создадеме нова терапија која ќе може да се користи за да им се помогне на луѓето со Алцхајмерова болест“.