Дали ја знаете тајната на совршените палачинки?

Никој не може да им одолее на палачинките, особено на оние кои се мајсторски направени. А најважната состојка за совршени палачинки е дефинитивно - киселата вода

0
1243

Кога ни се јаде нешто слатко, често знаеме да си направиме палачинки. Сигурно секогаш ги имате сите потребни состојки, а не е тешко да се испечат 15-тина палачинки ако сте баш желни за нешто благо. Или солено…

Најважната состојка на совршените палачинки е киселата вода.

Состојки:

2 јајца

400 мл млеко

400 мл кисела вода

15 лажици брашно

Кора од 1 лимон

Доколку сакате слатка варијанта, можете да ставите и 1 ванилин шеќер

Приготвување:

Соединете ги состојките и печете во тавче за палачинки, од секоја страна по 20-тина секунди.

Претходно намрсете го тавчето за да не се залепат.