Дали и ние јадеме пилиња напумпани со вода (ВИДЕО)

0
641

Уште во 2009.година откриено е дека тежината на пилињата им се зголемува тежина такашто во нив се вбризгува животински отпад, на пример, коски и ’рскавици од свињи или крави.

Измамата е откриена од страна на Агенцијата за стандарди на храната, со помош на нови здравствени тестови затоа што материјалите кои се додаваат се толку обработени што ги поминуваат ДНК тестовите. Ова е откриено во рестораните ширум Англија.

Друга истрага открила нешто слично. Дека при обработката на пилешкото често се вклучува вбризгување на протеини од други животни.

Некои производители се обидуваат да ја прикријат таа пракса со деконструкција на ДНК на туѓите животински материи, така за да не можат да бидат откриени во тестовите.

Праксата на вбризгување на вода и протеини во пилешкото не е противзаконска, додека е точно означена. Исто така, не е противзаконски да се вбризгуваат говедски и свински протеини се додека се означени како „хидролизирани протеини“. Овие протеини се додаваат за да може пилешкото да задржи повеќе вода.

Како и да е, во трката за поголема заработувачка, наместо здраво и хранливо пилешко, некои производители ги полнат пилињата со течни полнења и хемикалии, обидувајќи се од месо со лош квалитет, да добијат месо од прва класа, и да ја достигнат потребната тежина. На овој начин, таквото пилешко содржи дури 500 пати повеќе натриум.

Најлошо од се е што ваквите производи се означуваат како „100 отсто природни“, со оглед на тоа што оваа терминологија не е правно регулирана. Се додека тие материи кои се уфрлаат во пилешкото се сметаат за природни, овозможено е да се означуваат како природни производи.