Дали е откриен најслаткиот лек против рак на дојки?

Освен што се употребуваат за лекување на анемија и го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести, јагодите содржат големо количество витамин Ц и железо, а најновите истражувања покажале дека го спречуваат ширењето на ракот на дојка.

0
515

Авторите на студијата истакнуваат дека она што го потврдиле на глувци, не мора нужно да важи и за луѓето. Маурицио Батино, автор на студијата, вели дека без сомнеж овие резултати се важни за разбирање на потенцијалните ефекти од јагодите на карциномот на дојка и да се потврди кои молекуларни механизми се вклучени.

Тој истакнува и дека е потребно резултатите од студијата да бидат споредени со други клинички и епидемиолошки студии за конечно да се потврди дали ефектите се во целост исти и кај луѓе.

Пет недели откако на глувците им е даден екстрактот од јагоди, научниците можеле веќе да го отстранат туморот, потврдувајќи дека овој екстракт спречува ширење на канцерогени клетки во околното здраво ткиво. Батино вели и дека забележале одредено намалување на тежината и волуменот на туморот.

Иако во принцип, секое овошје е добро за здравјето, јагодите во споредба со другото овошје имаат голема количина на фолна киселина и витамин Ц. Постојат разлики помеѓу одредени видови на јагоди, велат авторите.

Некои имаат појака концентрација на фенол, за што зборуваа и претходните истражувања, и имаат извонредни здравствени ефекти. Во оваа студија се користени јагоди од видот алба, произведени во Италија.