Компанијата French’s во соработка со Coolhause Ice Cream направила сладолед со вкус на сенф кој на јавноста ѝ беше претставен на американскиот ден на сенфот – првата сабота во август (3.08).
Како што се наведува на официјалната страница на French’s, после 105 години додавање сенф во сѐ и сешто, одлучиле на својата понуда да додадат нешто единствено и смело и така дошле до овој несекојдневен производ.
Иако се свесни дека сладолед од сенф звучи малку лудо, тие ги уверуваат купувачите дека има навистина одличен вус.
Меѓутоа, овој посебен сладолед сепак не станал дел од нивната стандардна понуда, туку купувачите имале можност да го испробаат изминатиот викенд на одредени локации во Њујорк и Лос Анџелес.
Творците на сладоледот се погрижиле сите да добијат можност да ги испробаат па на своите официјални страници на социјалните мрежи го објавиле и рецептот, во кој тврдат дека веќе после првата топка сладолед ќе сфатите дека нивниот сенф е создаден за сладолед. Судејќи по објавите кои можат да се најдат на социјалните мрежи под #mustardicecream, бројни корисници се воодушевени од новиот вкус.
Celebrate National Mustard Day with our newest creation, Mustard Ice Cream! Not in LA or NYC? Get the recipe for this delicious frozen treat you can make at home: https://bit.ly/337iF2Q
由 French's 发布于 2019年8月3日周六
Фото: French®