На листата на омилени зеленчуци, цвеклото најчесто не се наоѓа на високо место, но потребно е да се јаде почесто. Помага за лекување на слабокрвноста кај децата и младите, затоа што содржи висок процент на железо, како и фолна киселина која учествува во синтезата на црвените крвни зрнца.
Цвеклото е вистински магацин на корисни супстанции. Богата е со состојки кои се добри за кожата и за косата, но и со витамини и минерали кои го активираат метаболизмот, прочистуваат и ги отстрануваат токсините. Калориската содржина на цвеклото е 42kcal на 100 грама.
Овој зеленчук може да се консумира во било кој вид: сиров, варен, печен. Најздрав е кога е свеж, додека со термичка обработка подолго од 15 минути, ги губи своите нутритивни вредности. Покрај витамин Ц, го содржи и реткиот витамин B12, како и речиси сите минерали – калциум, калиум, натриум и фосфор.
Навикнати сме да го јадеме само црвениот корен од цвеклото. Иако е тој најздрав, не треба да се занемарат ни зелените лидстови. Содржат бетакаротен, калциум и железо, а можат да се приготват како блитвата и спанаќот.
Прв ден
Појадок: шолја кафе без млеко или чај, два тоста
Ручек: салата од цвекло, малку варен ориз, 150 г пилешко
Вечера: рендано јаболко, морков и цвело.
Втор ден
Појадок: јогурт со ниска содржина на масти, два тоста
Ручек: печено цвекло, парче варено говедско, рен
Вечера: два киви
Трет ден
Појадок: зелен чај, два тоста
Ручек: салата од цвекло, печена риба
Вечера: варен зеленчук
Четврти ден
Појадок: јогурт со додаток на житарки
Ручек: грав, 150 г цвекло
Вечера: салата од зеленчук
Петти ден
Појадок: чај или кафе без млеко, варено јајце, тост
Ручек: салата од моркови и цвекло, варен ориз
Вечера: зеленчук на жар
Фото: Pixabey