Чуваркуќа е билка која може да расте во сите услови, па дури и на екстремни температури, па е позната и распространета ширум светот.
Оваа билка е лековита поради својот хемиски состав. Содржи јаболкова киселина, мравја киселина, танини и калциев цитрат кои имаат антисептички, противоспалителни и диуретски својства.
Најчесто се користи како лек за инфекции на увото, но и за лекување на високите температури и грозница, против крварење од носот, за регулирање на крвниот притисок, против дијабетес. За јакнење на метаболизмот, за детоксикација на организмот.
Најчесто се користи во облик на чај или сок, а најпознатиот рецепт е оној за сок од чуваркуќа со мед кој може да се зема орално или да се нанесува локално на одредено подрачје.
Со оглед на нејзината прилагодливост, доволно е да ја посадите во саксија и повремено да ја залевате со вода. Најчеста домашна комбинација на чуваркуќа е онаа со мед, а можете да ја користите како лек за хемороиди, штитната жлезда, за имунитет, за полипи, за желудник, миоми на матката, за менструални болки, за цисти на дојките, за детоксикација на организмот.
Кога берете листови од чуваркуќа најдобро е тоа да го правите токму сега, во летниот период кога имаат најмногу сокови.
Рецепт за лек од чуваркуќа и мед
За сите погоре наведени тегоби пијте по 1 лажица дневно во текот на месец ипол.
Состојки:
300 г згмечени листови од чуваркуќа
750 г ливадски мед
1 лимон
1 лажичка сода бикарбона
Приготвување:
Излупете го лимонот и ставете го во вода во која сте додале лажичка сода бикарбона.
Оставете го да отстои 1 час.
Потоа лимонот исечете го на кришки, додадете чуваркуќа и смелете ги заедно (можете и во блендер).
Исцедете ја мешавината низ газа и во сокот кој сте го добиле, додадете го медот и измешајте со дрвена лажица.
Чувајте ја мешавината во фрижидер.
Чај од чуваркуќа
Чајот од чуваркуќа е одличен против менструлани тегоби и чиреви.
Состојки:
12 г листови од чуваркуќа (суви или свежи)
Приготвување:
- Додадете ги листовите во 4 литри вода и варете ги 15 минути.
- Исцедете и оставете да се олади и секое утро пијте на празен желудник.