Чудо од овошје кое може да спаси од глад милиони луѓе

Еден плод може да тежи помеѓу 10 и 100 килограми и содржи стотици семиња кои се богати со протеини, калиум, калциум и железо, а кога се готви повеќе од 1 час, добива вкус на свинско месо.

0
1083

Однадвор ова гигантско овошје наликува на нешто од времето на диносаурусите и шири слатка но непријатна смрдеа.
Познато е како „jackfruit“, а се нарекува „чудо“ кое може да спаси од глад милиони луѓе. И уникатното овошје внатре е само почеток на многуте негови чудесија.

Jackfruit е најголемото овошно дрво на светот – еден плод може да тежи помеѓу 10 и 100 килограми и содржи стотици семиња кои се богати со протеини, калиум, калциум и железо – сите важни за телесниот раст.

Ова мистериозно овошје потекнува од Јужна и Југоисточна Азија; реткост е да се најде во САД, но може да се најде во Чајнатаун во Менхетен кадешто се продаваат цели плодови „jackfruit“.

Со намера да го запознаат и да го опишат подобро ова влакнесто, бодликаво овошје, новинарите на Бизнис инсајдер тргнале во Чајнатаун, кадешто нашле продавач кој нудел „jackfruit“ за 2,50 долари за килограм.

Вообичаено е да се купува свежо исечено парче од килограм, но мисијата на Бизнис инсајдер, велат, била да научат сè што можат за ова чудовиште, па затоа купиле цело, тешко 10 килограми.

hk.jpgЕве повеќе за ова чудно, но корисно овошје.
“Тоа е чудо”!
Нири Зерега е биолог во ботаничка градина во Чикаго, кој ја проучувал генетската разновидност на jackfruit во Бангладеш кадешто тоа е национално овошје, и често се смета за втора најважна култура после мангото.

За Бизнис Инсајдер Зерега изјавил дека во Бангладеш, ако имаат простор да одгледуваат нешто, речиси секогаш е тоа „jackfruit“ – поради вредноста на неговиот плод и стебло.

Освен што плодот се користи како храна, „jackfruit“ може да се користи и за следниве работи:

Лисјата можат да бидат извор на храна за козите и другите домашни животни.
Кората има портокалова боја, која традиционално се користи како боја за облеката на монасите.

Дрвјата произведуваат леплива латекс супстанција која може да се користи како лепак, а стеблото како дрвена граѓа.

Колку што е популарен во Бангладеш, толку се избегнува во Индија, од кадешто се смета дека потекнува и кадешто може да биде изобилен извор на храна за милиони луѓе кои се гладни и неисхранети. Ова дрво може да има до 150 плодови во текот на две сезони на берба колку што обично има секоја година – поради што и е толку важно.

Еден „jackfruit“ може да донесе стотици мали, жолти луковици – од кои секоја содржи високо хранливо семе. Самото овошје е добар извор на витамин Ц, додека семето е богато со протеини, калиум, калциум и железо. Околу една петтина од килограм плод има приближно 95 калории.

„Тоа е чудо, може да обезбеди толку многу хранливи материи и калории – сè”, изјавил Шијамала Реди, биотехнолошки истражувач на Универзитетот за земјоделски науки во Бангалор, Индија, за „Гардијан“ претходно оваа година.
Ако јадете само 10 или 12 семки од овој плод, не ви треба храна остатокот од денот
Сушете го, пржете го, правете од него сок, скара – едноставно не дозволувајте да пропадне.
Луѓето научиле да го подготвуват на многу начини. Тоа може да се јаде зрело, кога е меко, овошно и вкусно, или недозреано, кога личи на компир.
Во Бангладеш и во други делови на Југоисточна Азија, се служи на десетици начини, а од него може да се нсаправи дури и брашно со сушење и мелење на семето или овошјето.
Како и да е, ова овошје не може да се зачува во добра состојба повеќе од неколку недели по жетвата, вели Зерега, па затоа добар начин да го зачувате е да го конзервирате или да го сушите.
Иако ова овошје сè уште не е нашироко познато во остатокот од светот, па ни во САД, таму почнува да се појавува во вегетаријанските заедници поради вкусот што го добива по еден час или повеќе од готвењето, а кој потсетува на оној на свинското месо.


Додека милиони домаќинства во Виетнам, Бангладеш, Малезија и на други места ширум Јужна и Југоисточна Азија го инкорпорираат во своето мени, Индија останува неподготвена и покажува отпор.
Се смета дека 75 отсто од ова овошје одгледано во Индија завршува на отпад, делумно поради тоа што плодот се расипува ако не се јаде или не се преработи за да се зачува во поинаква форма во рок од неколку недели.
Ова овошје во Индија има лоша репутација која треба да се надмине.
„Историски гледано, jackfruit има репутација на плод за сиромашните”, вели Зерега.
„Тоа не е нешто што многу луѓе би помислиле да го купат бидејќи расте насекаде во одредени делови на Индија”.
За среќа, ова овошје има се поголем број фанови кои го промовираат обидувајќи се да ја подигнат свеста за неговата хранлива вредност.
“Мојата земја тивко дозволува да скапе огромен дел од ова овошје“, изјавил Шре Падре, кој живее во индиската држава Керала, за Бизнис Инсајдер. „Ова ме вознемири“.
Падре е уредник на индиското списание „Adike Patrike”, кое постои 27 години, а во текот на последните шест години има направено 16 изданија посветени на „jackfruit“. Падре, исто така, помага да се организираат фестивали посветени на ова овошје во Индија.
„Земјите како Виетнам, Филипините и Малезија заработуваат од „jackfruit“.
Шри Ланка со гордост го нарекува „дрво на оризот”, вели Падре. „Но, иронично, во неговата татковина, сѐ уште не сме ја разбрале важноста на „ jackfruit“.
Поради неговите разновидни можности, Падре проценува дека земјоделците во Индија би можеле да заработат околу 151 долар по дрво, поради сите различни производи што можете да ги направите со кората, овошјето, природниот латекс и многу повеќе.
„Има пет суровини во едно“, вели тој. „Ниту една друга култура на светот нема да се приближи до бројот на производи и рецепти што можат да се направат од jackfruit“.
Едно дрво од дрво може да донесе повеќе од половина од просечниот месечен приход за еден индиски работник, што според Меѓународната организација на трудот е 295 долари.
Освен тоа, дрвјата се полесни и поефтини за одгледување од другите популарни продукти како пченицата и пченката, бидејќи не треба да се засадуваат секоја година, вели Зерега.
„Сè додека расте во клима која е погодна за неговиот опстанок jaskfruit е релативно лесен за одржување“, изјавил тој за Бизнис Инсајдер.
Меѓутоа, за да направи Индија бизнис од продажбата на jackfruit како што направија Виетнамците, ќе биде тешко, прво, поради тоа што локалните жители прво треба да се фокусираат на јадење на овошјето.
Зерега вели дека бербата и преработката на jackfruit во моментов е многу макотрпна со мала механизација, но дека земјоделството и извозот на овошје би можеле да станат профитабилен бизнис за Индија во иднина, но е исто така важно да се фокусираат на него како вреден извор на храна во земјата.
„Многу недоволно искористени култури како jackfruit имаат голем потенцијал за производство на храна локално и одржливо, за да не мора толку да се потпираме на увозот од други земји. Важно е да се фокусираме на овој развој на локалниот пазар“, вели Зерега. „Но, во крајна линија тие, исто така, можат да обезбедат безброј можности како вредни извозни производи“.