Чорба со тиква

Додека некои, тиква што е тиква не јадат, други пак ги консумираат во сите можни варијанти, чорба од тиква, салата со тиква, пита со тиква, колач со тиква,...

0
478

Состојки:

Тиква (количината зависи од тоа за колку луѓе ја подготвувате)

1 црвен кромид

1 чешне лук

1-2 листа ловор

сол, црн пипер

Вода

Маслиново масло, ладно цедено сончогледово масло или путер

Приготвување:

Излупете ја и исечкајте ја тиквата на коцкички па пропржете ја заедно со кромидот и лукчето на маслиново масло (или на ладно цедено сончогледово масло или на малку путер, изборот е ваш)

Потоа додадете вода и ловоров лист и зачинете.

Варете додека тиквата не омекне.

Послужете ја топла со павлака или ладна со сок од лимон.