Чоколаден тарт од батат

Бататот е супер намирница која може да се подготви брзо и како прилог со било кое јадење, но и како десерт.

0
575

Состојки:

За тестото:

3 големи лажици кокосово масло
20 г црно чоколадо
65 г мелени бадеми

Ганаш:

1 батат
1 голема лажица кокосово млеко
50 г црно чоколадо
1 лажичка мед

Приготвување:

1. Стопете ги кокосовото масло и чоколадото
2. Потоа во смесата додадете ги бадмеите и измешајте.
3. Ставете ја смесата во калап за тарт, па ставете го калапот во фрижидер на околу 30 минути.
4. Измијте го бататот, но не го лупете.
5. Завиткајте го во фолија и ставете го во загреана рерна на 200°C на 45 минути.
6. Повторно стопете ги чоколадото и кокосовото масло.
7. Излупете го печениот батат и измешајте го со миксер, па додадете го во стопеното чоколадо. Додадете малку мед и се заедно измешајте со миксер.
8. Додадете го ганашот во подготвените и стегнати тартови и сѐ заедно ставете во фрижидерот на 3 часа.
9. Кога ќе сакате да го извадите тартот од калапот ставете го претходно на 15 минути во замрзнувач за да можете полесно да го тргнете калапот.
10. Украсете го по желба со смрзнато овошје.