Чоколаден колач со круши

Изгледа толку добро што моравме да го „позајмиме“, а викендов и ќе го пробаме.

0
295

Совршен десерт со минимум труд и максимум задоволство.

Состојки:

2 јајца

50 г шеќер во прав

115 г омекнат путер

120 г темно чоколадо

30 г брашно

Прстофат сол

3 круши

½ лажичка прашок за пециво

½ лажичка кора од портокал

1/3 шилјичка сечкани бадеми

1 лажичка екстракт од ванила

Шеќер во прав за поросување

Приготвување:

Вклучете ја рерната на 200 степени. Растопете го чоколадото на тивок оган и додадете го внатре путерот. Во еден сад измешајте ги сите состојки освен брашното и добро измешајте.

Во меѓувреме излупете ги крушите и варете ги 5 минути додека не омекнат. Додадете го брашното во садот со другите состојки, а потоа помешајте ги внатре и сечканите бадеми, па ставете ја смесата во правоаголен калап, а на крајот вертикално вметнете ги трите круши и печете 50 минути на 180 степени. По желба пред да послужите поросете го со шеќер во прав.

Рецептот е од ТУКА.

Фото: Инстаграм (@kenguristyle)