Состојки:
3 банани
1 шолја кафеав шеќер
1 шолја сок од јаболка
1 лажичка екстракт од ванила
1 јајце
1 шолја брашно
1 шолја какао
1 лажичка сода бикарбона
Малку сол
100 г црно чоколадо
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 170 °C.
- Намрсете го и поросете го со брашно калапот за печење.
- Згмечете ги бананите и помешајте ги со сокот од јаболка, шеќерот, екстрактот од ванила и јајцето.
- Додадете ги брашното, какаото, содата и солта и на крајот ренданото чоколадо.
- Печете 45-50 минути.