Чизкејк во италијански стил

0
1130

Состојки:
За основата:
2 шолји бисквити
1/2 лажичка цимет
120 гр путер

За кремот
450 гр крем-сирење „филаделфија“
450 гр павлака
1 шолја шеќер
3 јајца
1 кесичка ванила
шлаг-пена
течно чоколадо за декорација

Приготвување:
1. Искршете ги бисквитите и измешјате ги со цимет и стопен путер. Распоредете ја смесата на дното од тавата. Ставете ја тавата во фрижидер да стои 30 минути.
2. Измешајте го крем-сирењето, додајте ги шеќерот, јајцата, ванилата и павлаката. Ставете го кремот врз основата од бисквити. Печете 45 минути на температура од 165 степени.
3. Изладете го колачот во фрижидер и украсете го со шлаг-пена и течно чоколадо.