Чизкејк со смокви

0
594

Смесата за чизкејк ставете ја во подготвен сад претходно обложен со хартија за печење. Ова е мала количина за би можеле да користите и некоја пластична кутија за замрзнување со големина 10×20.

Состојки:

За подлогата:

60 г ореви

100 г урми

Мала лажичка цимет

Прстофат сол

2 лажици мед

За кремот:

200 г индиски оревчиња (претходно натопени)

50 млл бадемово млеко

Сок и кора од 1 лимон

3 лажици кокосово масло

3 лажици мед

5-6 зрели смокви

Приготвување:

  1. Ставете ги сите состојки во еден сад и мешајте додека не добиете лепливи трошки. Смесата ставете ја во подготвениот сад кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
  2. За кремот, ставете ги исцедените оревчиња, сокот и кората од лимон и медот во блендер и постепено додавајте ги млекото и маслото.
  3. Прелијте го кремот врз подлогата и израмнете го па наредете ги парчињата смокви.