Меѓу бројните нови трендови на здрава храна, е и чиа семето. Неговата нутритивна вредност им го обезбедила местото на супер храна. Ништо необично со оглед на тоа што содржи 9 есенцијални аминокиселини кои се потребни за изградбата на мускулите.
Исто така, богати се со Омега-3 масни киселини, калциум, железо, магнезиум, манган, фосфор и цинк. Речиси 90 отсто јагленохидрати кои ги содржи чиа семето се влакната. Ним за разградување не им е потребен инсулин па затоа не го креваат шеќерот во крвта.
Познатото научно списание Journal of the American Oil Chemists’ Society носи податоци за чиа семето како посебен извор на природни липидни антиоксиданти. Моќната антиоксидантна активност дефинитивно ги издвојува овие семки на врвот од скалата по прашањето на здравствените предности, а притоа е важно да се напомене високата концентрација на полинезаситени масни киселини кои придонесуваат за тоа.
За почеток е важно да се напомене дека чиа семето ја впива течноста па може да го зголеми својот обем до 10 пати, добива структура на желатин и тоа го прави идеална намирница.
Можете да додадете лажичка чиа во своите снегулки, во јогуртот или поросете ја со нив салатата. Една лажичка содржи само 65 калории, а обезбедува 54 отсто од потребната дневна доза Омега-3.
Чиа смути
Чиа семето нема да ги смени текстурата и вкусот на смутито или фрапето, само ќе им даде уште подбра и погуста текстура. На тој начин напитокот ќе се зголеми за 3,4 г влакна, 80 отсто од потребната дневна количина на витамин К, како и 63,1 мг калциум.
Чиа јајце
Заради можноста да ја впијат течноста, чиа семето е идеална замена за оние кои се нетолерантни на јајца, за веганите, како и за оние кои сакаат да го подобрат своето здравје.
Една лажица чиа семе ставете во блендер на неколку секунди. Потоа додадете 3 лажици вода и помешајте. Оставете да стои 5 минути или ставете во блендер на неколку секунди.
Чиа јајцето ќе има текстура која личи на вистинско јајце што овозможува да го користите во печењето мафини, колачи, пецива и слично. Ако сакате повеќе јајца, само зголемете ја количината на чиа и вода (размер 1:3).
Чиа пудинг
Во еден сад ставете ¼ шолја чиа семе, додадете 1 шолја бадемово млеко. Поросете со лажичка екстракт од ванила и додадете малку мед или јаворов сируп, а по желба и цимет.
Добро измешајте, поклопете и оставете да стои во фрижидер преку ноќта. Наутро уживајте во здрав, вегански појадок. Пудингот можете да го поросите со кокос, бадеми и слично.
Наместо брашно
Ако сакате да го збогатите својот леб, палачинките или вафлите со „лажица здравје“, ставете ги чиа семките во блендер па додадете ги во брашното што го користите. Препорачуваме во рецептот да вклучите и чиа јајце.
Чиа гел за мармалад
Во 50 мл топла вода додадете 1 лажица чиа семе. Оставете да стои во фрижидерот преку ноќ. Добиениот чиа гел ставете го во блендер заедно со свежо овошје по желба и користете го како мармалад.
Детоксикациски чиа напиток
Направете чиа гел, ставете го во стаклено шише и додадете 1 шолја вода и 1 шолја органски, незаблажен сок по ваша желба. Добро измешајте и успешно детоксицирајте се.
Чиа енергетски плочки
Плочките се извонредни како оброк пред или после напорно вежбање. 12 урми без семки ставете во бледер и мешајте околу 30 секунди, додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја смесата во сад, додадете 70 г чиа семе, 2 лажици кокосово масло и пола лажичка мелен цимет. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Потоа размачкајте ја смесата во тепсијата (користете хартија за печење). Оставете во фрижидер да стои 3-4 часа. Со нож исечете ја таблата на 8 еднакви плочки.
Пилинг за лице
И на крајот, чиа семето освен за јадење, можете да го користите и како пилинг за лице. Помешајте ¼ кокосово масло, 1 лажичка сок од лимон и 1 лажица чиа семе. При употреба, ставете на мокро лице од смесата и со кружни движења масирајте го лицето. Потоа почекајте 2 минути додека смесата не се стегне. Со мокар пешкир отстранете го пилингот и измијте се со ладна вода. Смесата можете да ја чувате во фрижидер 3-5 дена.
Совет:
Не купувајте кафени чиа семки затоа што тие не се во целост готови. Консумирајте бело или црно семе.
Американското научно списание Journal of the American Oil Chemists’ Society го потврдува фактот дека со зголемување а друштвената свест за важноста на здравјето во дел од светот се зголемила и потрошувачката за функционална храна со повеќекратни здравствени предности. Токму затоа чиа семето е толку популарно во бројни кулинарски комбинации.
Списанието BioMed Research International објавува статија од 2012.година која се надоврзува на менувањето на навиките на јавноста и истакнува дека користењето на лековита храна од народната медицина сѐ повеќе се поттикнува и се практикува. Притоа, особена важност повторно добиле чиа семките како традицинална американска храна која посебно се користи за одржување на здравото ниво на липиди благодарение на присутноста на фенолна киселина и омега-3 масло во чиа семето.
Фото: Pixabey