Чиа семето, како и семето од лен се едноставна замена за јајца во повеќето рецепти, а на овој начин обично ги користат веганите и оние кои се интолерантни на јајца.
Потребни состојки:
1 лажица мелено чиа семе
3 лажици вода
Приготвување:
Помешајте ја водата со мелеото семе и оставете ја смесата во фрижидер минимум 15 минути. Кога ќе добиете желатинеста смеса, слободно користете ја како замена за јајца во класичните рецепти во кои се користат јајца.
Фото: Pixabey