Чајот од лаванда како лек за главоболка

Лавандата е лековита во сите облици, а со чајот од лаванда можете да си ги излекувате мигренозните главоболки, несоницата, мачнината, проблемите со варењето, ...

0
2744

Лавандата има бројни лековити својства кои можат позитивно да влијаат на здравјето. Чајот од лаванда делува како седатив, а им се препорачува на лица кои страдаат од главоболки, анксиозност и несоница. Подготвувањето на овој чај е едноставно, а во продолжение прочитајте повеќе за придобивките од неговото консумирање.

Лековитите својства на лавандата вклучуваат:

Мигренски главоболки – мирисот на лавандата делува како седатив и има смирувачки ефект. Чајот од лаванда може да помогне во излекувањето на мигренските главоболки затоа што помага за опуштање на крвните жили, малите мускули во вратот и околу очите.

Депресија и анксиозност – лавандата може да ги редуцира стресот и анксиозноста, и да го подобри расположението. Исто така, лавандата ја поттикнува релаксацијата.

Несоница и исцрпеност – шолја чај од лаванда пред спиење може да ви помогне полесно да заспиете затоа што лавандата го смирува нервниот систем и го намалува нивото на стрес.

Мачнина – како и ѓумбирот, лавандата може да помогне за мачнините. Чајот од лаванда може да ја намали мачнината, особено ако е поврзана со главоболка.

Варење – ако имате проблеми со варењето, може да ви помогне чајот од лаванда кои има својства што делуваат против надуеноста, можат да помогнат за елиминирање на гасовите и за смирување на стомакот.

Чајот од лаванда може да помогне за јакнење на имунитетот, олеснување на дишењето, лекување на воспалението на мускулите и намалување на болките во зглобовите, вратот и грбот.

Подготвување на чај од лаванда

Ако сакате да ги искусите сите придобивки од чајот од лаванда, се препорачува користење на сушена лаванда, наместо филтер вреќички.

За подготвување на чај од лаванда ќе ви требаат 4 лажички сува или свежа лаванда и 500 мл вода. Прелијте го чајот со врела вода и оставете да отстои 5 минути.

Чајот од лаванда можете да го помешате со камилица за заблажување на несоницата. За тој чај е потребна една лажичка лаванда и една лажичка камилица.

Нуспојави

Чајот од лаванда може да предизвика нуспојави како што се иритација на кожата, мачнини и повраќање, кога се консумира во преголеми количини.

Чајот од лаванда не се препорачува за трудници, лица со низок холестерол, лица кои земаат лекови за разредување на крвта, лица чувствителни на сонце.

Чајот од лаванда може да предизвика проблеми ако редовно пиете одредени лекови кои влијаат на нервниот систем. Лекови кои можат да предизвикаат проблеми кога се земаат со чај од лаванда вклучуваат барбитурати, хлорал хидрат и седативи. Ако миете било каков вид на алергиски реакции престанете да пиете чај од лаванда.