Состојки:
Презли или 2 кришки леб
200 г варена пченка
2 конзерви туна
25 г рендан кашкавал
3 млади кромитчиња
1 јајце
2 лажици маслиново масло
4 пецива за хамбургер
Приготвување:
Ставете во блендер пола од пченката и лебот, а потоа додадете ги туната, остатокот од пченката, кашкавалот, јајцето, туната, исечкано младо кромитче, маслиново масло и зачини по вкус. Добро измешајте и обликувајте плескавици. Испечете ги на грил тава и направете хамбургери со салата по ваш избор.