Она што е добро е што на овој начин добиваме комплетен оброк од една посатка, а можете да го подготвите за вечера и она што ќе ви остане да си го понесете следниот ден на работа. Вообичаени состојки на овие здрави оброци се брокула, киноа, морков, цвекло, авокадо, бадеми, лешници, сусам, лен, а оние кои не можат без месо, можат да си додадат и варено пилешко или мисиркино месо.
Еве го нашиот предлог за денес:
Состојки:
300 г брокула, распарчена на цветчиња и сварена на пареа
200 г киноа, сварена и исцедена
3 моркови, рендани
1 авокадо, исечено на парчиња
Сол
Сок од пола лимон
Неколку лажици таан
100 г наут од конзерва или сварен дома па исцеден
1/4 виолетова зелка, рендана
100 г сварена тиква исечена на коцки
Приготвување:
- Прво сварете ја киноата со вода и малку сол (на 1 шолја киноа се става 1 ипол шолја вода) и се вари околу 15 минути. Исцедете го вишокот вода и оставете ја да се олади. Таанот помешајте го со сокот од лимон и малку вода и додадете малку сол и бибер.
- Во еден сад ставете ги киноата, и останатите состојки и се прелијте со подготвениот таан со сок од лимон.