Брз ручек: Tестенини со шампињони

Ова брзо јадење можете да го подготвите за само 15 минути, а притоа да не извалкате куп садови. Ако постите, изоставете ја павлаката и додадете доматен сос.

0
423

Состојки:

200 г тестенини по ваш избор

300-350 г шампињони

3 лажици путер

1 лажичка маслиново масло

2 чешниња лук

½ главица кромид

1 кисела павлака

За послужување:

Пармезан

Магдонос

Приготвување:

1. Ставете вода во тенџере и почекајте да зоврие. Додадете ја тестенината и посолете.

2. На средна температура стопете го путерот со маслиновото масло, додадете исечкан кромид и лук и после 1 минута додадете ги исечканите шампињони и динстајте додека не омекнат.

3. Додадете 1 павлака, почекајте неколку минути и додадете ги тестенините.

4. Послужете со пармезан и со малку магдонос.