Брз ручек: Копанчиња во рерна

Ова е едно од побрзите јадења за кои не мора да стоите до шпоретот, а готов е за 40 минути

0
278

Состојки:

6-7 копанчиња (зависно од тоа за колку луѓе готвите)

маслиново масло

Презли

сол, црн пипер, црвен пипер, оригано, сушен зеленчук (вегета)

сок од домати

кашкавал

Приготвување:

Копанчињата прелијте ги со маслиново масло такашто да бидат намачкани целите.

Помешајте ги презлите со зачините и извалкајте ги копанчињата па наредете ги во огноотпорен сад за печење.

Ставете ги да се печат на 200 степени околу половина час, извадете ги ставете малку сос од домати на дното, а копанчињата покријте ги со неколку тенко исечени парчиња кашкавал и вратете ги во рерна да се допечат уште 10 минути.