Состојки:
2 јајца
2 шолји пченкарно брашно
1/2 шолја бело брашно
1 прашок за пециво
3 лажици маслиново масло + 1 за подмачкување на тавата
1/2 китка свеж магдонос
оригано
100 г дробено кравјо сирење
1 шолја кисела вода
За прилогот:
павлака
дижон сенф
кочански домати
полнети маслинки
Приготвување:
Се матат јајцата па се додаваат прво сувите, а потоа и течните состојки.
На крајот се додава здробеното сирење, сечкан магдонос и оригано.
Смесата се истура во подмачкана тава и се пече на 200 степени 40 минути.