Боршч

Ова национално руско јадење можеби не ви звучи баш примамливо, но ако сакате готвена храна, сигурно ќе ви се допадне. Има повеќе варијанти за боршч, но она без што не може да се направи вистински боршч се: цвекло, зелка, моркови и кисела павлака за послужување

0
427

Состојки:

500 г цвекло

500 г зелка

4 компири

4 моркови

3 литри вода или супа од коцка

400 г излупени домати или од конзерва

3-4 лажици концентрат од домати

3 главици кромид

3 чешниња лук

Лимон

Копар

Путер или зејтин

За послужување: кисела павлака, лимон и копар

Приготвување:

  1. Излупете ги цвеклото, компирите, морковите и кромидот. Ставете вода на средна температура во големо тенџере
  2. Преполовете ги кромидот и зелката и исечкајте ги на тенки стапчиња. Во поголема тава загрејте го путерот, додадете ги зелката и кромидот, посолете и пропржете. Потоа намалете ја температурата и динстајте 5-10 минути. Префрлете во тенџерето со вода.
  3. Растопете малку путер во тава и пропржете ги морковите исечени на тркалца со 1 лажичка шеќер па додадете ги и нив во тенџерето.
  4. Цвеклото исечете го на стапчиња или изрендајте го, пропржете го ,кратко и додадете ги и него во тенџерето.
  5. Компирите исечете ги на четири парчиња и ставете ги во тенџерето заедно со останатите состојки: доматите, концентратот, лукот, 1 лажичка исечкан копар, 1-2 лажици сок од лимон и варете на тивко околу 2 часа.
  6. Послужете со павлака во која ќе ставите копар и кришки лимон. Доколку не ставите компири, можете да го послужите со црно лепче.