Бон тон за време на деловна вечера

0
5827

Масата открива многу за нас. Следењето на основните правила е влезница за ручеци и вечери без комплекси.

Храната и работата секогаш одат заедно, но ако додадеме малку добри навики, ужитокот ќе биде поголем. Во тие прилики, ги намалувате одбранбените системи и дупките во доброто образование излегуваат на површина и зборуваат (лошо) за нас.

Ајде да ја научиме граматиката на масата. Основните правила се состојат во три збора: прибраност, дискретност, љубезност.

Пред да седнете на столот поздравете ги тие што веќе седат околу масата без да се претставите. Но, ако влезете во дневна соба со гости, претставувањето е неопходно. Дамите први седнуваат околу масата. „Добар апетит“ е неелегантна желба, но ако некој посака добар апетит, љубезно е да се одговори со „Благодарам“.

Во конверзацијата, да се покаже интерес за слушање е прво правило. Мора да го почитувате мислењето на другите, никогаш не држете монолог и долги говори и не зборувајте за работата освен ако не сте на деловен ручек. Не навлегувајте во интимни работи, ниту пак зборувајте за политика, религија, смрт и болести.

Вулгарно е да се држат лактите врз масата и да седите наведнати врз чинијата и да зборувате со полна уста. Вулгарно е да зборувате гласно, како и со луѓе од другите маси. Седете исправено, со лактите близу долниот дел од вашето торзо, само зглобовите нека бидат потпрени врз масата.

Правете, не правете!

Не ги преполнувајте чашите со вода или со вино, туку наполнете ги до половина. Исчистете ги усните пред да се напиете за да не оставите неприкладни непроѕирни дамки на рабовите од чашата. Мажот им сипува вода или вино само на жените кои седат до него, ако сакаат, но не и на другите што вечераат. Шишето оди од рака на рака.

Пријатно „Благодарам“ за келнерот е куртоазен гест, но не е задолжителен. Крпата се отвора откако ќе се послужи првото јадење. Ако има потреба да станете од масата, оставете ја крпата на столот.

Држете го менито малку отворено.

Кон храната треба да имате воздржан став, ниту да покажувате глад, ниту да пребирате. Не треба да коментирате за квалитетот или за готвењето. Неучтиво е да оставите храна во чинијата. Ако не знаете што е послужено, подобро да не земете или земете малку.

Не играјте со приборот за јадење, а ножот не го ставајте во устата. Пред чинијата ќе најдете прибор за десерт, виљушка во случај на цврсто пециво или торта или лажичка во случај на мек колач или крем.

Ако сакате да зборувате за време на оброкот, приборот треба да биде ставен врз чинијата со врвовите блиску, а со држачите одвоени. На крајот приборот останува во чинијата во линија на 6 часот, еден до друг, сечилото од ножот кон внатре.
Ако послужувањето е во стилот на бифе или „шведска маса“, не е добро да ја преполните чинијата за да не одите во „втора рунда“, ќе изгледате како ненаситен. Ако, сепак, одите по хрна, не нудете никому да донесете нешто, освен на вашата сопруга.

Ако јадете риба, чистете ја сами, почнувајќи од главата кон опашот. Кожата и коските отстранете ги со помош на нож, а парчињата сечете ги со виљушка.

Ако јадете сирење, користете ја виљушката само за меко сирење.

Овошјето се служи по десертот и главно поради тешкото лупење, ќе биде послужено во порции или на подавалник.

Ако станете да масата за да пушите, тоа е грда и непростлива навика. Да си заминете на крајот на оброкот без да ги поздравите другите, исто така, е лоша навика.

Како што можете да видите правилата се главно логични и интуитивни, некои доаѓаат од навика, други произлегуваат од добриот вкус, ниедна не е без причина. Ова е пример за практично однесување како да го примените лесно и да оставите добар впечаток.