Бомбици со тиква, чоколадо и какао

0
667

Состојки:

200 г тиква, исчистена и исечена на коцки
250 мл млеко
1 лажица мед
1/3 лажичка цимет
1/3 лажичка ванила во прав
250 г какви било интегрални кекси
50 г бело чоколадо
2 лажици темен рум
200 г црно чоколадо со најмалку 60% какао
100 г какао

Приготвување:

1. Варете ја тиквата со млекото, медот, ванилата и циметот на средна температура околу 15 минути. Тргнете од оган и додадете ги мелените кекси, белото чоколадо и румот. Измешајте се со миксер и оставете го добро да се олади.
2. Од изладената смеса обликувајте бомбици и редете ги на чинија па ставете ги
Во фрижидер.
3. Чоколадото стопете го на пареа, па оладете го но се уште да биде во течна состојба. Натопете ги бомбиците во стопеното чоколадо а веднаш потоа и во какаото и чувајте ги во фрижидер.