Битолско кисело млеко – омилен вкус веќе 66 години

Наутро или навечер, како закуска или, пак, како додаток на омилените јадења, препознатливиот синоним за освежување, полн, автентичен вкус и полезност за организмот – Битолското кисело млеко веќе 66 години е дел од семејната трпеза на голем број генерации.

0
163

Приказната за Битолското кисело млеко започнува уште во далечната 1952 година, кога врвните мајстори од повеќе трговски претпријатија го формираат млекарското претпријатие „Млекар“ – Битола. Уште од самите почетоци, Битолското кисело млеко зазема значајно место во портфолиото на производи на млекарницата, како производ со уникатна рецептура, подготвен со особено внимание и посветеност од неговите искусни креатори.

Оттогаш, па до денес, производството на Битолското кисело млеко еволуираше во согласност со новите иновативни технологии за унапредување на неговиот квалитет, зголемувањето на капацитетите за производство и пакување. Но, она што останува константа низ годините се вниманието, грижата и посветеноста во неговата подготовка. Токму затоа, денес, Битолското кисело млеко е омилениот производ на многу генерации и неизоставен дел од семејната трпеза во кој било период од денот. Неговиот богат, препознатлив и сестран вкус дозволува комбинации со секаква храна, омилена за децата, но и за возрасните.

„Денес, Битолското кисело млеко е водечки бренд во својата категорија на македонскиот пазар, бидејќи нашите потрошувачи имаат доверба во нас, во нашето искуство и традиција во производството на производи со врвен квалитет. Токму затоа, креираме кампања преку која сакаме да ја раскажеме приказната за традицијата и квалитетот, за вистинското мајсторство и уникатноста, за посветеноста со која веќе 66 години се произведува Битолското кисело млеко. Кампања што ќе ги разбуди сеќавањата и емоциите на многу генерации, но ќе создаде и нови. Несомнено, успехот на Битолското кисело млеко, како и на сите други производи од портфолиото на Бимилк, се темели врз нашата постојана посветеност и фокусот кон нашите потрошувачи. Тоа е нашата стратегија за успешност по која ќе продолжиме да чекориме и ќе останеме верен и омилен избор за здрав и балансиран начин на живот за сите генерации“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Битолското кисело млеко најпрво беше достапно во пакување од 400 г, а подоцна, на барање на потрошувачите, беа воведени и пакувањата од 180 г. и 700 г.

Како компанија, Бимилк останува посветена на обезбедувањето на потрошувачите со здрави, вкусни и хранливи производи, со цел подигнување на нивото на свесност и неопходност од здрав и избалансиран начин на исхрана.