Оваа двојка атлети и билдери се основачи на Plant Built, група на американски фитнес фанатици кои се истовремено и вегетаријанци и чија мисија е да докажат дека помеѓу месото и мускулите нема и не треба да има знак на равенство. Марчис и Тејлор ја основале групата во 2012 година.

5a

„Се сретнавме со нашите колеги-билдери на веге пица бидејќи сите добри работи почнуваат со пица, и одлучивме да ги собереме нашите колеги спортисти кои се воедно и вегетаријанци од целиот свет и да се натпреваруваме заедно“, вели Марчис. Во моментов Plant Built има тим од 75 атлетичари во шест спортови.

„Тимот на PlantBuilt го прифаќа вегетаријанството како начин на живот. Сите ние имаме свои почетни причини  заради кои сме станале вегетаријанци, но кога еднаш ќе го прифатите овој начин на живот, нема враќање назад. Токму ваквиот начин на исхрана е она што ни дава предност и кога станува збор за спортот бидејќи ваквиот начин на исхрана не снабдува со доволно макронутриенти и го снижува холестеролот. Секој “стил” на исхрана може да биде нездрав кога не е добро конципиран. Постојат добри и лоши начини за вегетаријанска исхрана. А добро разработена вегетаријанската исхрана, сепак, се смета од страна на многу светски реномирани медицински професионалци, како еден од најздравите начини на исхрана. Речиси секоја здравствена организација во светот укажува дека исхраната врз база на растителна храна, и во состојба на зголемен број на срцеви заболувања, луѓето треба сериозно да ја земат предвид“, велат тие.