Состојки:
2 ипол шолји овесни снегулки
4 јајца
1 шолја павлака
3/4 шолја мед
1/4 шолја сок од лимон
1 лажичка рендана кора од лимон
1/4 шолја мак
2 лажички прашок за пециво
прстофат сол
Приготвување:
Смелете ги овесните снегулки.
Во еден поголем сад изматете ги јајцата и додадете им ја павлаката и мешајте додека не се добие компактна смеса. Додадете мед, лимон и кора од лимон и повторно измешајте.
Додадете ги овесните снегулки, мак, прашок за пециво и сол. Мешајте додека смесата не се спои.
Ставете ја смесата во калап и печете во рерна на 180 степени 30 до 35 минути.