Бејлис е ирски бренд и е познат по базата направена од крем, такашто новиот ликер кој неодамна беше претставен под истиот бренд, им е наменет на оние со прехранбени ограничувања.
Baileys Almande обединува вкус на слатко бадемово масло и есенција од бадем, со допир од вистинска ванила. Изворниот Бејлис рецепт содржеше и пчелин восок и мед, но брендот се прилагодува кон растечкиот вегански тренд со исфрлањето на таквите состојки. Значи, од сега веганите и оние што се чувствителни на лактоза ќе можат да уживаат во овој боженствен ликер.
Иако моментално се продава само во САД, Канада и Британија, се надеваме дека наскоро ќе биде достапен и за нас.
Бејлис го претстави новиот ликер за вегани
Ирскиот бренд Baileys создаде нов ликер под називот Baileys Almande наменет за веганите и за оние кои се чувствителни на лактоза.