Лековитата крема од банани е одлично природно средство против кашлица чија делотворност е проверена и во лекувањето на упорната кашлица и бронхитисот. Посебно е делотворна кај децата, но и кај возрасните.
Вкусна, здрава и многу хранлива, благотворно делува и врз желудникот.
Состојки:
2 средно зрели банани
2 лажици шеќер или мед (ако користите мед, треба да го додадете кога смесата малку ќе се олади затоа што медот ги губи своите својства на високи температури.
400 мл зовриена вода
Приготвување:
Излупете ги бананите и згмечете ги со вилушка.
Додадете шеќер и добро измешајте.
Прелијте со зоврена вода, поклопете и оставете да отстои 30 минути.
Ако користите мед, го додавате на крајот кога смесата ќе се олади.
Употреба:
Секогаш загрејте ја смесата пред употреба.
Користете 4 пати дневно по 100мл.