Балконска лубеница мејд ин Тафталиџе

Нашата читателка Ана Радованац се пофали на Фејсбук со годинешниот род лубеници

0
1056

Во скопската населба Тафталиџе 1, на балконот од семејната куќа, на брачната двојка Ана и Стефан им осамнаа две мали лубенички.

„Нив ги засади сопругот, такашто семките од лубеницата што ја јадевме на балкон ги плукна во саксијата“, се смее Ана.

Ете уште еден доказ колку е природата прекрасна – некогаш е доволно човек само да плукне и таа да му возврати со плод.

Овие лубенички тешко дека ќе пораснат за јадење, ама преубаво изгледаат, нели?