Состојки
За тестото:
600 г компири
2 лажици пченичен гриз
3 лажици растопен путер
2 големи јајца
Брашно
За полнењето:
200 г сланина
1 главица кромид
Чешне лук
И уште…
Путер за пржење
Магдонос
Пекмез од сливи или сливи
Приготвување:
1. Сварете ги компирите и оставете ги да се изладат па излупете ги.
2. Пропржете ги кромидот и лукот па додадете ја сланината. Зачинете и зачувајте го вишокот масло.
3. Пропасирајте ги компирите и помешајте ги со јајцата, путерот, зејтинот од печењето и солта. Додадете го гризот и замесете тесто. По потреба додадете брашно.
4. Тестото расукајте го па сечете го на квадрати, наполнете ги со смесата и обликувајте топчиња.
5. Обложете ја тепсијата со хартија за печење, намрсете ја и наредете ги кнедлите.
6. Печете околу 45 минути на 180°C.
7. Поросете со магдонос и по желба послужете со мармалад од сливи или со сливи кои ќе ги испечете во тавата.