Авокадото има антивирусно, антибактериско и антимикробно дејство.
Има пријатен вкус и може да се комбинира со други намирници, а има и голема и неверојатно тврда семка и кремаста пулпа. Идеален е за салати или сосови, но е многу калоричен (230 калории во 100 грама). Сепак, станува збор за добри масти. Од витамини, најмногу ги има оние од Б групата, дури 5 до 10 пати повеќе од останатите видови на овошје, како и витамини Ц и Е.
Го сметаат за идеална намирница, особено за жените, со оглед на содржината на каротеноидот литеин и витаминот Е кои штитат од рак на дојка.
Поради здравите маснотии што ги содржи, а кои му годат на секој тип на кожа, ова овошје/зеленчук е исклучително застапено во козметичката индустрија.
Освен тоа, стеролите ги лекуваат и болестите на простатата, цревата и помагаат кај одделни облици на леукемија, со оглед на тоа што го поткреваат имунитетот и бројот на лимфоцити, а исто така го нормализираат и нивото на шеќер во крвта.
Сировото авокадо може да се комбинира и со мајонез, а во оваа комбинација е идеално со риба на скара. Многу е вкусно и кога ќе се помеша со свеж босилек, лук, сок од лимон и маслиново масло пе ќе се стави како прелив врз тестенини или врз варен компир. Одлично се сложува и со сите видови на месо, со пилешко, со моркови , краставици, зелена салата, портокал, целер, домати…
Бидејќи нема силна арома, одличен е за правење слатки. Од него може да се направи вкусен крем, овошни салати и сладолед. Кога ќе се испасира можат да му се додадат кокос, мед, млеко, смокви, ванила, цимет и разни зачински билки.