Авокадото е многу здраво, но мора да знаете нешто…

0
1006

Некои го сакаат авокадото речиси до опсесија, а многу спортисти и луѓе кои здраво се хранат за појадок јадат токму авокадо и јајца.

Мастите кои го прават авокадото толку меко и кремаво се вид на „добри“ незаситени масти кои го снижуваат нивото на „лошиот“ холестерол. Содржи и хранливи влакна и нутриенти кои ги подобруваат ефектите на сите други нутриенти кои ги внесувате.

Заради сето ова, ова овошје е одлично и за појадок и како дел од салата што можете да ја јадете во текот на денот: Но токму како и со сѐ друго, тоа не значи дека авокадото може да се консумира во неограничени количини само затоа што е здраво.

„Авокадото е подобра маст од, на пример, животинската маст. Но само умерено“, порачува кардиологот др.Ендру Фримен.

„Не ме сфаќајте погрешно, знам дека е кремаво и многу вкусно , но секогаш им велам на пациентите дека мастите треба да се внесуваат во умерени количини – а тоа важи и за авокадото“.

Кардиологот истакнува дека кај луѓето кои страдаат од напреднати срцеви заболувања, „постојат докази дека воопшто не би требало да јадат авокадо“.

Од нутриционистичка гледна точка, проблем е високата содржина на калории. Поточно, за да ги „извлечете“ сите добри ефекти, доволно е да изедете само парче од ова овошје – сѐ повеќе од ова е вишок.

„Тоа овошје е здраво, но многу е важна контролата на порциите“, вели нутриционистката Тами Лакатос – Шемс.

„Сакам да кажам дека авокадото е засилувач на нутриентите затоа што здравите масти што ги содржи помагаат за подобра апсорпција на важните витамини од сѐ друго што ќе изедете, а особено витамини А, Д, Е и К“.

За да објасни што мисли со тоа, наведува како пример дека ако јадете морков кој содржи кератин, авокадото ќе помогне тој кератин да се апсорбира.

„Но навистина содржи многу калории“, инсистира таа. Поточно, едно авокадо содржи околу 322 калории, 29 грама масти и 13 грама хранливи влакна.

„Единствената работа на која треба да внимавате кога станува збор за авокадото е дека треба да сте внимателни заради калориите. Затоа што, ако земеме како пример девојка која се обидува да ослабне и внесува дневно околу 1200 калории, со едно авокадо ќе внесе третина од дневните кaлории. Дури и кога станува збор за просечна личност која внесува 2000 калории дневно, 300 калории е и натаму многу“.

Кога станува за количината на авокадо која треба да ја внесете, др.Фриман не ја наведува точната количина, туку само советува да бидете умерени, додека пак на срцевите пациенти им советува воопшто да не го јадат ова овошје.

Докторот додава дека е доволно да изедете петина авокадо за да внесете нутриенти – на тој начин ќе внесете 50 калории, 6 грама масти и 3 грама хранливи влакна.

„Не звучи како голема количина, но е сосема доволно“, заклучува тој.