Авокадо на нови начини

Авокадото е ѕвезда помеѓу храната и можеме да го користиме на разни начини, од мексикански јадења, супи, сосови до мафини и речиси секогаш е совршен прилог.

0
178

Покрај тоа што е многу здраво, полно со здрави масти, авокадото е многу корисна и хранлива намирница и речиси секојдневно откриваме нови начини на кои можеме да го сакаме.

Направете брза и лесна салата такашто ќе помешате боранија која сте ја бланширале кратко, со авокадо, рукола, шери домати, сланина и пилешко, по желба. Зачинете со малку сол, црн пипер, маслиново масло и сок од лимон.

Авокадото можете и накусо да го пропржите на скара и да го послужите со добро парче месо и свежа салата.

Уште еден одличен начин да го искористите авокадото е да го исечкате ситно на коцкички и да го послужите со ладна супа од домати наместо парче леб.

Денот можете да го почнете и такашто во блендер ќе ставите авокадо, две шолји млеко, три лажици шеќер и две лажици сок од лимета. Се добро измешајте и ќе го добиете најкремавиот шејк на светот.

Наједноставниот начин за нова употреба на авокадото е да го ставате во сендвичи и тортилји наместо зелена салата.

Експериментирајте, авокадото сигурно нема да ви го расипе јадењето, па пробајте да го ставате во се што ќе ви падне на памет.

Фото: Pixabey