Авокадо барови – нова гастро атракција

Додека Амстердам и Америка водат расправа околу тоа кој го отворил првиот авокадо бар на светот, Англија воодушевено го најавува отварањето на својата варијанта од најновиот тренд

0
443

Од зелен плод авокадото прерасна во вистински тренд. Најпрвин се појави авокадо тостот, потоа се појавија разни варијанти од неодоливиот мус со авокадо и други здрави деликатеси, а денеска во светот се отвараат и цели барови чија понуда се темели исклучиво на авокадо.

Првиот таков се отвори неодамна во Амстердам, а откако тоа се покажало како одличен потег, авокадо барови почнале да никнуваат и во Америка, а се најавуваат и во Англија.


Во таквите барови сите јадења се приготвени од, се разбира, авокадо со додатоци по желба. Така на пример, во амстердамскиот The Avocado Show можете да пробате бургер од авокадо, полнето авокадо, месни и зеленчукови порции со авокадо и уште многу повеќе. Сите јадења се послужени со неверојатна прецизност, секоја чинија изгледа извонредно па затоа и не е за чудењето постоењето на големи редици пред оваа новоотворена атракција.

Американците го отвориле својот прв авокадо бар во Бруклин и за себе тврдат дека се токму тие првите што  отвориле таков ресторан. Таму се послужувааѕ исто така само јадења од авокадо, а токму како и во амстердамскиот ресторан, на гостите им се служат разни варојанти на зелени сендвичи кои се познати како здрав фаст фуд.
Иако е се уште во најава, првиот авокадо бар во Лондон се очекува со нетрпение. Италијанскиот уличен продавач Бели Фрешчи одлучил да отвори поздрава, летна верзија на фаст фуд која, судејќи по досегашните повеќе од позитивни реакции, многу брзо ќе ја прифатат и Англичаните.