Артичоки на пареа со сос од лук и лимон

0
879

Ова е лесно предјадење со артичоки и лук приготвено на пареа што ќе им се допадне на вашите гости.

Состојки:
(за 10 порции)
8 артичоки исчистени и омекнати на пареа
4 чешниња лук
1 чаша вода
1 чаша мајонез
1 лажица ситно рендан кората од лимон
2 лажици свеж сок од лимон
1/4 лажичка бел бибер
малку шеќер
малку сол

Приготвување:
1. Во големо тенџере наредете ги артичоките исправени. Додадете го лукот и налејте вода. Оставете водата да зоврие. Намалете ја топлината и покријте со капак. Варете 35 минути. Префрлете ги артичоките и лукот на чинија, оставете да се изладат.

2. Излупете и притиснете 4 чешниња од лукот. Изгмечените чешниња замешајте ги во мајонезот, ренданата кора од лимон, сок од лимон, пипер, шеќер и сол.

3. Отстранете ги надворешните листови од артичоките. Ставете ги листовите и лукот одделно во фрижидер додека не ги послужите.

 

Извор: Марта Стјуард