Научниците анализирале 20 истражувања во дел од светот за да го утврдат влијанието на витамините и каротеноидите на ризикот од катаракта.
Без оглед на некои недоследности, многу резултати покажале дека консумирањето на цитруси, плодови од родот Capsicum, мркови, домати и темнозелен зеленчук како спанаќ, брокула и кељ да го забави развојот на катаракта.
Катарактата на подоцнежна возраст доведува до оштетување на видот, но и до дури 35 отсто од вкупниот број на слепила во светот. Меѓутоа, катарактата може успешно да се оперира, но со сѐ поголемиот број повозрасни лица во тие операции ќе мора да се вложува голема количина пари.
За да се намали бројот на лица на кои им е потребна операција, научниците советуваат консумирање на намирници богати со антиоксиданси. Одложувањето на појавата на катаракта за 10 години преку едноставни промени во исхраната двојно би го намалило бројот на лица на кои им е потребна операција.
Извор: The American Journal of Clinical Nutrition
Фото: Pixabey