Принцот од Велс и војвотката од Корнвел се во потрага по нов су-шеф, и го објавиле тоа на интернет страниците на Кларенс Хаус, а од својот кандидат, освен 40 часа работа месечно, воедно бараат и добро познавање на органски намирници.
Имено, новоодбраниот шеф во нивната кујна ќе се ориентира исклучиво на здрава храна, премесува Дејли Мејл. На одбраниот кандидат ќе му биде овозможена работа во неколку кујни во дел од Англија, зависно од моменталното престојувалиште на најбогатото англиско семејство.
„Су-шефот ќе биде одговорен за надзор, приготвување и сервис на храна по највисоките стандарди, од приватни вечери оброци за персоналот до приготвување на храна за приеми. Ќе ви довериме самостојно приготвување на храна, но работата вклучува и работа во тим“, стои во огласот.
Бидејќи принцот Чарлс и војвотката Камила се големи љубители на здрава, органска храна, нивниот нов су-шеф би требало да ја дели истата страст. Кандидатите за работата исто така би требало да имаат искуство во работење во приватни кујни или пак кетеринг за личности на високи позиции, како премиери и други важни политичари.