Ананас – овошје кое не содржи пестициди и не е алерген

0
2570

Ананасот е исклучително сочен и има тропска арома која ги балансира слаткиот и киселиот вкус. Сезоната за ананас е од март до јуни, но тој е достапен во маркетите преку целата година.

Ананасот има цилиндрична форма, кората му е покриена со крлушки, и е зелена, кафена или жолта. На врвот има сино-зелени лисја. „Месото“ што е поблиску до дното е поблаго и помеко. Во 100 грама ананас има 83 калории.

Зборот ананас потекнува од индискиот збор „анана“ што значи „одлично овошје“.

Спаѓа во фамилијата Bromeliaceae, според која, е именуван ензимот бромелин. Научниците верувале дека благодетите од бромелинот (Bromelain – состојка што се извлекува од ананасот) биле поврзани само со дигестијата, но натамошните истражувања покажуваат дека бромелинот има пошироки здравствени бенефити. Екстрактот бромелин се добива од сржта на ананасот и од неговите клетки.
Ананасот не спаѓа во групата намирници кои предизвикуваат алергии и често се користи во диети со кои се избегнуваат предизвикувачи на алергии.

Исто така не спаѓа во овошје кое содржи пестициди. Одличен извор е на витамин Ц и манган. Добар извор е на бакар и витамин Б1, Б6, диетални влакна и пантотенска киселина.

Иако се мислело дека потекнува од Јужна Америка, ананасот прво е откриен на Карибите, на островот Гвадалупе, во 1493 година од страна на Колумбо, кој го донел во Европа.

Неуспешни биле обидите да се засади ова овошје на европското тло, а подоцна се сфатило дека му е потребна треопска клима. До крајот на 16 век, Португалците и Шпанците го однеле во Азија, Африка и во јужните пацифички колонии, каде што расте и денес. Во 18 век ананасот почнал да се огледува на Хаваите, единственото место во САД каде што и денес се одгледува.

Поради реткоста и високата цена во минатото се сметало за статусен симбол.

Како да се избира и да се чува

Бирајте ананас кој е тежок. Да не биде мек или со дамки. Ананасот престанува да зрее откако ќе се обере. Затоа изберете ананас кој има сладок мирис на врвот од дршката. Избегнувајте ги оние кои мирисаат бајато, кисело или ферментирано.

Може да се чува на собна температура еден-два дена пред да се јаде. Бидејќи е краткотраен треба да се следи секој ден за да не мувлоса. Ако и по два дена не сте во можност да го консумирате, ставете го во најлон кеса и чувајте го во фрижидер максимум 3-4 дена.

Пресечниот ананас треба да се чува во фрижидер во затворен сад. Ќе остане свеж и ќе стане повкусен и посочен ако во садот ставите сок од ананас или некоја друга течност. Ананасот може и да се замрзне, но тоа ќе влијае на неговиот вкус.

Совети за готвење и сечење

Ананасот може да се сече и лупи на разни начини. Прво треба да се отстранат круната и дното на овошјето со нож.

За да го излупите поставете го вертикално и лупете го со нож странично. Отстранете ги сите „очиња“ од кората. Или пресечете го на четвртини и отстранете ја тврдата кружна средина. Потоа пресечете го како сакате на помали парчиња.

Пресеченото овошје чувано во фрижидер ги задржува своите својства до 6 дена. По 6 дена загубата на витамин Ц е 5 отсто во мангото, во јагодите и лубеницата, 10 отсто во ананасот, 12 отсто во кивито и 25 отсто во дињата канталупе.

Уживајте со ананасот

– Искомбинирајте коцки од ананас со сечкани ракчиња, рендан ѓумбир и малку маслиново масло. Зачинете по вкус и послужете врз зелена салата.
– Измешајте ананас во коцки со чили и подгответе салса за туна или лосос.
– Капнете јаворов сируп врз парчиња ананас и печете ги додека потемнат. Послужете ги сами или со јогурт.
– Сечкан ананас, рендан морач и индиски ореви одат одлично и како додаток со пилешко.
– Ананасот е прекрасен додаток во овошните салати, особено оние кои соджрат тропско овошје како папаја, киви и манго.