После сендвичите со домати наместо леб, се рашири и новиот тренд на ананас-бургери.
Состојки:
8 тркалца ананас
4 плескавици
8 парчиња сланина
1 голем виолетов кромид
4 листови кашкавал
Зелена салата
Маслиново масло
Сол, црн пипер
Приготвување:
- Премачкајте го ананасот со маслиново масло, посолете, ставете црн пипер и ставете го на грил-тава. Испечете го од двете страни по околу две минути. Толку време е потребно и за кромидот.
- Ставете ги потоа во тавата и плескавиците кои ќе бидат готови за десетина минути, а потоа и сланината.
- Ставете во чинија тркалце ананас, врз него лист од зелена салата, плескавица, парче кашкавал, крцкава сланина, кромид и уште едно тркалце ананас.