Алка што брои калории

0
896

Сите ние постојано размислуваме за тоа дека можеби е крајно време да се ставиме на диета. Понекогаш тоа и останува само на размислување на оваа тема, но понекогаш, кога навистина ќе се ангажираме околу таа идеја, почнуваме да се грижиме за тоа колку калории сме внесле во себе.

Е токму тука почнува вистинскиот проблем! Како да знаеме колку точно калории имало во онаа кришка интегрален леб со малку поснбо сирење и две трклаца свежа краставица? Вака, од око, тешко. Но според порталот Food and Wine, една јапонска корпорација (Nippon Telegraph and Telephone Corp) тврди дека нашла решение за тој проблем!

Имено, во фаза на тестирање се алки (кои потсетуваат на часовник или smartwatch) кои ќе го следат внесувањето на храна и калории на оној на чија рака се наоѓаат. Звусчи одлично, а уште подобар е фактот дека корисникот воопшто не мора да размислува за броење на калориите, затоа што тоа наместо него го обработува алката!

Она што е ито така интересно, е тоа дека алката ги брои калориите според начинот на кој ја ставате храната во уста, односно, според тоа кои движења ги користите. Затоа што, на пример, сушито нема да го внесувате во уста на ист начин како и сендвич. Сензорите на алката пресметуваат според движењето на рацете која храна сте ја изеле и колку калории сте внесле. Во состојба е да ја воочи разликата помеѓу говедско вариво, суши и леб. Но овие алки се се уште во фаза на тестирање, па велат дека не се сосема точни и може да се случи кога го држите микрофонот за време на  целовечерен натпревар во караоке, да забележи како сте изеле 10 сладоледи на стапче!