Заговорниците на здравиот начин на живот ќе ви кажат дека е веќе грешка тоа што воопшто ја пржите храната, но ако не можете да им одолеете на вкусните и сочни залчиња крцкава коричка барем одвреме навреме, имајте ги на ум овие седум работи кои треба да ги избегнувате.
Пржење на превисока температура
За совршено крцкаво парче похувано пилешко температурата на маслото во кое се пржи мора да биде помеѓу 160 и 200 степени. Ако пржите на повисока темоература, храната пребрзо ќе се испржи и ќе се исуши, а во уште полош случај, внатрешноста ќе остане недовоно испржена додека однадвор ќе изгори.
Пржење на прениска температура
Ниту премногу ниската температура не е пожелна затоа што наместо крцкаво залче ќе добиете мека подгреана маса. За жал, не можеме да ви советуваме на која бројка треба да го свртите регулаторот затоа што секој шпорет има поинаква регулација, но проценете сами. Ако најдобри резултати на својот шпорет постигнувате со регулатор свртен на четири, доколку ви е регулацијата од 1 до 6, можеби е за вас овој број вистинскиот.
Употреба на погрешно масло
За пржење треба да се бира масло со висока точка на чадење затоа што поднесуваат повисoки температури на кои и хранливите материи во нив остануваат непроменети.
Свинската маст има висока точка на чадење и е одлична за пржење, а ако нејзиниот мирис ви е премногу силен, најдобар избор е маслото од маслодајната репка.
Пржење на преголема количина наеднаш
Можеби мислите дека така ќе го забрзате приготвувањето на поголема количина на храна, но претрупувањето на тавата е една од поголемите грешки. За правилно и рамномерно пржење, како и за превртување, мора да оставите слободен простор и место помеѓу парчињата храна па затоа подобро е да пржите во неколку серии со помала количина.
Преголеми парчиња
Постои добра причина зошто е полесно да се погреши со пржење на стек, отколку со пржење на помфрит. Компирот исечене како за помфрит има идеална големина. Со сечењето на помали парчиња нема само да го сратите времето за пржење, туку и храната ќе биде порамномерно испржена.
Не сте замешале добро тесто за похување
Што и да похувате, внатрешноста е тешко да излезе добра ако тестото во кое сте го извалкале не е добро направено. Кога ќе ги додадете во брашното и јајцата сите зачини, темелно матете за смесата да се изедначи.
Користење на масло од претходното пржење
Веројатно ви изгледа поекономично, а и маслото ви изгледа добро па си мислите дека можете да го употребите барем уште еднаш.
Но со користењето на ова масло не само што ќе го уништите вкусот и ќе ја направите храната помрсна, туку ќе го зголемите ризикот од загорување на маслото. Прегореното масло има пониска тока на палење поради што пламенот од плинот со мало невнимание полесно ќе се префрли во тавата.
Фото: Pixabey